Патрис Евра ги расплака милионските следачи на Инстаграм со својата последна објава. Глобално познатиот играч замина на патување во Кореја, но не поради добар, туку тажен повод. Мајката на неговиот бивш соиграч Си – Јинг Парк почина. Но, загубата е голема не само за нејзиниот вистински син, туку и за францускиот фудбалер Патрис Евра. Имено, мајката на неговиот поранешен соиграч и пријател, била, како што вели и самиот тој, “истовремено и моја мајка“.
Тажни вести од Кореја, каде што дојдов да бидам покрај мојот брат Ји- Синг Парк. За жал умре неговата мајка, која беше и моја мајка. Секогаш весела и насмеана, толку пати ме нахрани во Манчестер. Те сакам мајко и се молам за тебе“, напиша Евра.
Со оваа негова емотивна порака Евра расплака 3,5 милиони следачи на Инстаграм, а уште повеќе фанови низ целиот свет.