13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Вработените во Мерцедес ќе добијат бонус од 5.700 евра поради добрата продажба

Компанијата Даимлер, која што го поседува Мерцедес, во 2017 година продаде рекорден број возила, а еден дел од профтот ќе биде уплатен на сметка на работниците.

Во 2017 година Даимлер продаде рекордни 3,3 милиони возила во светски рамки, што е раст од 9 отсто во споредба со 2016 година.

Ваквиот резултат се одрази и на годишните бонуси кои фирмата ги исплаќа на вработените. Оваа година вработените добија бонус од 5.700 евра, што е за 300 евра повеќе од минатата година.

Од 3,3 милиони испорачани возила, Мерцедес-Бенз автомобили (заедно со брендовите Мајбах и Смарт) продал 2.373.500 единици (раст за 9,9 отсто), АМГ продале 131.970 примероци (раст од 33 отсто), додека Мерцедес-Бенз камиони продале 401.000 (раст од 12 отсто). Даимлер автобуси биле продадени 28.700, што е раст од 9 отсто.

поврзани објави

Последни објави