Клубот од Мадрид и Каталонскиот клуб се на чекор до реализирање на една од најинтересните, меѓутоа и најдобри размени во фудбалот во последните неколку години.
Денеска, шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е во интензивни разговори со Атлетико, се со цел нивниот дрес да го облече Антоан Гризман, а за таа цел да се откаже од Осман Дембеле.
Според изворите, таквиот тек на настаните е поради тоа што тренерот на Барса во нападот сака да го има триото составено од аргентинската фудбалска легенда Лионел Меси, Суарез и Гризман.
Како една од причините поради заминувањето на Дембеле се наведува и се позачестените повреди откако стапна на Камп Ноу, па доколку ваква размена се реализира воопшто нема да биде изненадување со оглед на претходните случувања во каталонскиот клуб.