2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ЕУ треба да ги отсели бегалците од Македонија, Србија и Грција

Денес во Европскиот парламент пратениците побараа од Европската Унија да обезбеди итна помош за мигрантите и бегалците во справување со ниските температури во неколку делови од Европа.

Притоа, беше истакнато дека во Македонија, Грција и Србија условите се неприфатливи и земјите од ЕУ треба што побрзо да ги исполнат ветувањата за пренос на илјадници иселеници кон Западна Европа.

Според дел од официјалните информации, од вкупно 160.000 барања за азил, одобрени се само околу 6%, додека на другите се уште се чека.

Еврокомесарот пак појасни дека се издвојува финансиска помош за Грција, полесно да се справи со проблемите и да им понуди нормални услови за живот на мигрантите односно бегалците.

поврзани објави

Последни објави