fbpx
11.8 C
Skopje

Познати четири осминафинални парови од СП во Франција

АКТУЕЛНО

Денес беа одиграни последните натпревари од групната фаза во групите „А“ и „Б“, по што познати се и четирите осминафинални средби, меѓу кои се наоѓа и Македонија.

Во последното коло од групата „А“, домаќинот Франција потешко од очекуваното, дојде до минимална победа над Полска од 26:25. Норвешка беше пресилна против Јапонија со 38:23, додека во битка за треттата позиција Русија го совлада Бразил со 28:24.

Шпанија ја прегази Словенија во битката за првата позиција во групата „Б“ со 36:26, Македонија и Исланд ремизираа со 27:27, па и двете селекции продолжија понатаму, додека Тунис ја совлада Ангола со 43:34, недоволно за пласман понатаму.

Табела група „А“: Франција 10, Норвешка 8, Русија 6, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.

Табела група „Б“: Шпанија 10, Словенија 7, Македонија 5, Исланд 4, Тунис 4, Ангола 0.

Осминафинални парови:
Франција – Исланд
Норвешка – Македонија
Русија – Словенија
Бразил – Шпанија

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -