13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Ова се чекорите за највозбудлива предигра!

Секако дека една од поважните работи за добар секс е и добрата предигра. Така што доколку успешно го возбудите партнерот, повеќе ќе уживате со сексот со него. Ова се чекорите до највозбудлива предигра:

1. Направете да се чувствува добро

Станете, легнете, седнете пред него целосно гола и тоа ќе му биде најдобриот подарок кој можете да му го дадете. Од самото разгледување на вашето тело, него ќе му се зголеми сексуалниот апетит. За ситуацијата да стане по возбудлива, подгответе му мала претстава-фрлете го на кревет и останете да стоите над него. Потоа дел по дел разголувајте го вашето тело, но потоа веднаш облечете се. Играјте си и оставете нека исчекува нетрпеливо.

2. Играјте си со дишењето

Доволно е да ги спуштате раздвоените усни на телото на партнерот, односно стомакот или градите, а потоа полека издишете. Ова ќе ја зголеми неговата возбуда.

3. Преземете ја контролата во свои раце

Кога станува збор за предигра, обично се мисли на опуштено и бавно заведување. Меѓутоа, на фраерите им се допаѓа малку погруб пристап. Кога жената делува бесна, тоа за мажите е знак дека и таа е подготвена за секс исто колку што е и тој. Бидете креативни!

ФОТО

4. Поработете на вашите допири

Навистина е изненадувачки колку силните мажи реагираат на допири. Иако жените често мислат дека на мажите најважниот допир му е меѓу нозете, тие реагираат многу бурно и на други различни стимулативни техники. Комбинирајте различни пристапи-масажа, нежно и долго чешкање со ноктите, неочекувано штипкање.

5. Доведете го до врвот

“Тргни-застани” е трикот со кој можете неколку пати да направите да го почувствува врвот. На тој начин максимално ќе му го зголемете оргазмот. Кружете со усните по целиот долен дел на стомакот, бидејќи тоа подрачје е и тоа како чувствително. Доколку сметате дека неговото тело станува напнато, преминете на некоја друга точка.

поврзани објави

Последни објави