3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

РЕЖИСЕР УАПСЕН ПОРАДИ ПЕДОФИЛИЈА! СЕ ДОПИШУВАЛ СО 13 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

Британскиот режисер Тим Дауд кој што ја режираше серијата “Coronation street” и заработува над 100.000 фунти годишно, уапсен е во неговата вила во Јоркшир.

Дауд кој што има 65 години режираше повеќе од 200 епизоди од серијата “Coronation street”, оженет е и неговото апсење предизвика бурни реакции во Британија.

Неговата вила вреда половина милион фунти била местото од каде што Тим Дауд се допишувал со “13 годишното девојче”. Зад целиот случај стои полицијата затоа што пред некое време добиле најава дека Тим се занимава со педофилија па затоа решиле да му подметнат замка. Kога Тим мислел дека се допишува со 13 годишно девојче, всушност се допишувал со полицаец. – пишува Дејли Мејл.

поврзани објави

Последни објави