На денешниот протест против користењето на терминот Македонија во новото име учествуваа неколку стотици илјади граѓани од цела Грција, а посетеноста ги надмина очекувањата, објавија светските медиуми.
Освен плоштадот Синтагма со луѓе беа полни и централните улици, а дел од граѓаните кои стигнале во Атина не успеаја да стигнат до плоштадот Синтагма поради масовноста и преполните улици.
Локалните кафулиња обезбедија телевизори за тие кои не стигнале до плоштадот да можат во живо да го следат протестот.
Hundreds of thousands in 'Macedonia is Greece' rally
Birdseye view of the huge Macedonia rally in Athens
Posted by Greek Reporter on Sunday, February 4, 2018
Говорниците на протстот порачаа дека Македонија е грчка и ги повторија паролите од протестот во Солун. Сепак овој протест во Атина доби и антивладин карактер обвинувајќи го премиерот Ципрас дека ја распровада Македонија.
Граѓаните испратија порака дека никој нема право да преговара за името Македонија.