11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Промената на рејтингот од агенцијата „Фич“ е потврда дека економски мерки носат позитивни резултати

„Меѓународната агенција „Фич“ го промени изгледот на Македонија од негативен во позитивен со потврден ББ рејтинг.

Ова е уште една позитивна вест за Република Македонија.

Промената на изгледот на Македонија од негативен во позитивен од страна на „Фич“ е потврда дека реформите коишто ги спроведува владата предводена од СДСМ, финансиската и економска стабилизација, како и економските мерки носат позитивни резултати.

На подобрувањето на изгледот влијаеше политичката стабилизација, подобрувањто на меѓународната позиција на земјава, напредокот на реформите од Планот 3-6-9, резултатот на локалните избори како потврда на дадениот мандат на граѓаните за реформи.

На потврдата на рејтингот ББ влијаеа одржувањето на ниска инфлација, како и обезбедената финансиска стабилност преку соодветна финансиска политика.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи одговорно, спроведувајќи мерки што се во интерес на граѓаните и коишто обезбедуваат придвижување на економијата, подобар животен стандард, економски раст, повисоки плати и отворање нови работни места“ се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави