Играчот на Тотенхем Виктор Ванјама доби шанса односно влезе во игра во 79. минута, а за поентирање на својот клуб и за враќање во живот на Тотенхем не му требаше повеќе, туку само еден контакт со топката.
Тој шутираше „од прва“ од 25 метри и погоди во самиот агол. Ливерпул да имаше и тројца голмани на голот тешко дека ќе го фатеа овој удар.