3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

СИ ДАЛ ОТКАЗ ОТКАКО ИГРАЧОТ МУ СТАВИЛ ПИШТОЛ НА ЧЕЛО

Во Јужна Америка има безброј комични но и трагични ситуации кога станува збор за фудбалот

Од Аргентина стигна уште една потврда колку јужноамериканците се луди по фудбалската игра. Кристијан Неира одлучил да си даде отказ на местото тренер на нисколигашот Ескела Пресиденте Рока откако влезе во судир со еден од играчите. Неира на тренингот го соопштил почетниот состав за наредниот меч, а на клупата го остави Сезар Пагани на кого одлуката не му се допаднала.
Пагани потоа извадил пиштол и му го ставил на главата на тренерот откако му рекол дека нема да го стави во првиот тим. Откако ситуацијата се смирила тренерот го повикал претседателот на клубот и му порачал дека си поднесува оставка

поврзани објави

Последни објави