13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ПРЕСВРТ: Нејмар: – Сакам да играм со Роналдо, да учам од него, но не во Шпанија….

Бразилското чудо од дете, Нејмар, пред 2014 година изјави дека сака да стане играч од рангот на Роналдо и Меси. Тогаш тој рече дека сака да учи од најдобрите во светот на фудбалот.

„Меси и Роналдо се мои идоли. Би сакал да можам да научам по нешто и од двајцата и да го применам во својата игра, тоа би било идеално“ – изјавил Нејмар.

Нејмар беше во клубот на Барса и успеа да научи многу работи од Меси, но според последните информации и изјави на челните луѓе на управата на каталонскиот клуб тој заминал од Барселона бидејќи бил свесен дека покрај Меси, не може да стане најдобар играч на светот.

По заминувањето во ПСЖ, се погласни с ешпекулациите дека бразилскиот фудбалер е незадоволен од тоа како напредува во неговата кариера кога станува збор за тимот од Париз, па затоа се почесто е поврзуван со трансфер во Реал Мадрид.

Англиските медиуми пишуваат дека извори блиски до бразилецот тврдат дека тој во последно време е позаинтересиран и е во преговори со “Сините“ од Лондон, кои се подготвени на лето да го пуштат Азар да замине во кралскиот клуб во замена и доплата за Кристијано Роналдо.

На тој начин, португалецот кој веќе е 33 години би можел уште две години да игра на врвно ниво а на тој начин, да му помогне на бразилецот да научи многу работи од него, и на тој начин да го замени во титулата – најдобар фудбалер во светот!

Дали овој план на Абрамовиќ ќе успее зависи, не само од неговите, туку и од желбите на португалецот и аргентинецот, како и од тоа дали Реал се подготвени да инвестираат во Азар, во замена за португалецот, истовремено откажувајќи се од намерата да го привлечат Нејмар во своите редови.

поврзани објави

Последни објави