Бундеслигашот Борусија Дортмунд во претходни два преодни рока остана без две големи ѕвезди и стандардни првотимци Усман Дембеле и Пјер-Емерик Обамејанг кои ги изнудија своите трансфери во Барселона, односно Арсенал.
Дембеле „исчезна“ и го немаше на тренинзи во текот на летото за да обезбеди преселба на „Камп Ноу“, додека пак Обамејанг беше суспендиран поради пропуштање на тимски состанок со цел да се зголеми притисок и да го реализира трансферот.
Во двата случаи Дортмунд попушти, но во иднина тоа нема да биде така, а тоа јасно и директно им го соопштил на играчите извршниот директор, Ханс-Јоаким Вацке.
-Во четвртокот му кажав на тимот, дека следниот играч кој ќе го стори тоа нема да успее очајно. Ќе има голем проблем. Следниот играч нема да се извлече и ќе седне на трибините. Сите тоа сега го знаат. Ова е јавна изјава со која можам да се носам, -истакна Вацке.