13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Гатузо: Збеснувам за тоа што го слушам во последно време!

Џенаро Гатузо успеа да воведе одреден ред во составот на Милан и да забележи неколку позитивни резултати во изминатите неколку кола, а изминатиов викенд неговиот тим не оствари победа на гостувањето кај Удинезе поради црвениот картон и несреќниот автогол кој си го даде Донарума.

Ова беше петти натпревар во низа на кој Милан не претрпе пораз (седми ако се земат во предвид сите натпреварувања), а самото ова донесе низа позитивни коментари на сметка на популарниот Рино и работата која ја врши во првиот тим по заменувањето на Винченцо Монтела. Во ваква ситуација секако многумина со две раце би ги прифатиле позитивните критики од експертите и јавноста, но сепак Гатузо не би бил Гатузо ако нема поинакви сфаќања за оваа тема.

Според тренерот на Милан, вистинска грешка е да се даваат комплименти за неговиот тим, бидејќи историјата на клубот говори нешто сосема поразлично од она што сега се гледа на првенствената табела.

– Збеснувам кога слушам комплименти за нас и нашата игра. Само погледнете ја табелата. Со оглед на дресот кој го носиме и квалитетот на составот, мора да ја погледнеме табелата и да направиме многу повеќе. Мора да ги тргнеме комплиментите настрана, мора да продолжиме да работиме и да не ја губиме свеста за тоа каде припаѓаме, – потенцира Гатузо, јасно посочувајќи дека осмото место на табелата не е нешто што треба да ги радува него и неговите играчи.

Извор: Derbi.mk

поврзани објави

Последни објави