13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Роналдо со совет до Нејмар: Овој клуб може да ти овозможи да ја добиеш “Златната топка“

Бразилската ѕвезда Кристијано Роналдо даде свое мислење за Нејмар и неговиот трансфер во ПСЖ, но и за Златната топка за француски СФР СПОРТ.

Сметам дека Нејмар е среќен во Париз. Искрено, немам разговарано со него, но сум сигурен дека таму има се што му е потребно. Тоа е неверојатен град, а неговите момци играат сјајно. Неговиот почеток беше прекрасен иако е под голем притисок. Кога е слободен и среќен тој покажува одлични резултати и постигнува голови што е забавно за навивачите.

Се приближува Златната топка. Освојувањето на таа награда зависи од успехот на момците но и други критериуми се гледаат. Оваа година ќе биде многу важна за него, но и за Бразил. Ако постигнеш гол на финале на СП тогаш имаш најголеми шанси да станеш најдобар фудбалер на турнирот. Порано или покасно, тие награди ќе дојдат.

Технички има се што можете да барате од играч. Тој е брз, има добар спринт, знае да игра еден на еден, вешт е со топката, секогаш сака да постигнува голови и тоа ми се допаѓа.

Тој всушност нема ниту една маана или слабост, вели Роналдо мислејќи на неговиот соиграч од Бразил Нејмар.

– За да може да ја освои наградата ќе мора да игра во светски клуб кој може да ја добие таа награда. Според мене Челси ќе гради тим за иднината кој би можел да направи големи успеси.

поврзани објави

Последни објави