Македонија прави прогрес со спроведувањето на реформите, но треба да се решат низа прашања пред да се влезе во Европската Унија. Без решавање на спорот за името, нема влез во ЕУ, вели амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, кој додава дека работите се добро поставени, а следните шест месеци се мошне важни бидејќи со Европската комисија заседаваат земји што имаат силен интерес за овој регион. За него, датумот е охрабрувачки, но до 2025 не очекува ниту една земја да влезе во ЕУ гледајќи ја динамиката со која се спроведуваат реформите.
Самата стратегија препознава дека во Македонија е направен значаен прогрес во реформите во изминатите месеци, но исто така се кажува дека Комисијата е подготвена за преговори за вклучување на Македонија. Стратегијата поставува временска рамка од две години, која е мошне амбициозна, но и потенцијална, посебно за земјите што се во фаза на преговори за ЕУ, но не се исклучува можноста земјите што треба да почнат со преговори да ги завршат пред оние што моментно преговараат. Од страна на Западен Балкан јасно беше кажано дека засега ниту една држава не е подготвена да влезе во ЕУ. Треба да се промени начинот на спроведување на реформите, како и начинот на преговори. Стратегијата има нова динамика од страна на регионот за да може да ги регистрира овие недостатоци“, вели Жбогар во однос на интеграција на Македонија во ЕУ.