18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Николоски: Македонија повторно загуби со политиките на оваа Влада на СДСМ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски порачува дека со промената на имињата на автопатот и аеродромот, Македонија повторно загуби со политиките на оваа Влада на СДСМ.

„Во однос на преименувањето на аеродромот и автопатот би сакал да потенцирам дека при најавата на оваа постапка од страна на Премиерот Зоран Заев јавно запрашавме дали овие активности се дел од некоја поширока стратегија за која што јавноста не е информирана или пак станува збор за едностран чекор на актуелната Влада на Република Македонија?

Посочивме дека доколку е во прашање некаква стратегија, граѓаните очекуваат да бидат информирани за придобивките, а доколку станува збор за второто легитимна е загриженоста дека земјава прави еднострани отстапки, а не добива ништо.ВМРО ДПМНЕ не гледа иредентизам во имињата на аеродромот и автопатот!

Имајќи предвид дека не добивме одговор очигледно е дека Македонија прави еднострани отстапки за кои не добива ништо за возврат! Отстапуваме од нешто наше, а за возврат не добиваме ама баш ништо! Тоа е најпогрешната надворешна политика што една држава може да ја води. За жал останува впечатокот дека Македонија повторно загуби со политиките на оваа Влада на СДСМ„, напиша Николоски на својот Фејсбук профил.

Во однос на преименувањето на аеродромот и автопатот би сакал да потенцирам дека при најавата на оваа постапка од страна…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Tuesday, February 6, 2018

поврзани објави

Последни објави