13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Самсоненко го одврзе ќесето и за Нигериец кој учествуваше на Мундијалот во Бразил (ВИДЕО)

Нигериецот Уче треба да биде шестото засилување во составот на македонскиот првак.

Според информациите кои ги пренесува „Спорт1“, се вели дека нигерискиот напаѓач Уче Нвфор треба да биде шестото, а воедно и последно засилување за составот на Чеде Јаневски во зимскиот преоден рок.

Се очекува Уче во следниде два дена да пристигне во Скопје, а доколку се биде во најдобар ред на медицинските прегледи да потпише шестмесечен договор со Вардар со опција за две додатни години.

26 годишниот Нигериец инаку беше дел од својата селекција на последното Светско првенство кое се одржа во Бразил во 2014. година. За својот национален тим има десет настапи на кои има постигнато и три погодоци.

Офанзивецот одигра една минута против Франција во осминафиналето каде Нигерија беше елиминирана и совладана со 2-0, а во групната фаза одигра десет минути против Аргентина (2-3), не доби прилика за настап против Иран (0-0), ниту против БиХ (1-0).

поврзани објави

Последни објави