6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Ахмети за грчка „Скај“: Ние сме земја без име

Ние сме земја без име, имаме едно привремено име ПЈРМ и се обидуваме да добиеме едно нормално име, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за грчка „Скај“ телевизија

Во однос на тоа дали ДУИ ќе поддржи, доколку се потребни и уставни промени, претседателот на партијата вели дека тие се подготвени да го поддржат процесот до конечно решение.

– Секако, ние го поддржуваме напредокот. Ќе биде големо постигнување, доколку успешно се заврши ова поглавје. Ќе не растовари многу, од нешто што со години ни тежи. Ние сме подготвени. И во минатото сме биле подготвени за да го поддржиме процесот до конечно решение, бидејќи не интересира многу интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, вели Али Ахмети, според грчката телевизија.

поврзани објави

Последни објави