7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Украдени податоци на 800.000 клиенти на швајцарски мобилен оператор

Швајцарскиот мобилен оператор „Свиском“ денеска соопшти дека кон крајот на минатата година бил регистриран хакерски упад во неговиот систем, при што „на ризик биле изложени“ личните податоци на околу 800.000 клиенти.

Според компанијата, засега непознат хакер имал пристап до информации за имињата, адресите, телефонските броеви и датумите на раѓање на нејзините клиенти.

„Свиском“ нагласува дека при хакерскиот упад не биле загрозени лозинките, разговорите или уплатите на клиентите, како и дека компанијата не добила поплаки од корисниците за злоупотреби на нивните податоци.

Упадот бил откриен случајно при рутинска контрола, по што била спроведена пообемна истрага.

Клиентите жртви на хакерскиот упад претставуваат околу 10 проценти од населението на Швајцарија.

поврзани објави

Последни објави