18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

ОЈО отвори предистражна постапка за криминал во „Скопје 2014“

Обвинителството за организиран криминал и корупција отворило предистражна постапка за градбата на објектите од проектот „Скопје 2014“, потврди за САКАМДАКАЖАМ Државното јавно обвинителство.

На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали Обвинителството ги испитува криминалите во градбата на Археолошки музеј на Македонија, кој протекува на секој дожд и поради тоа што градбата на шесткатната зграда е неквалитетна и небезбедна, Јавното обвинителство на Македонија вели:

„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во насока на расветлување на фактите за проектот „Скопје 2014“, достави барање до Општина Центар за обезбедување на дополнителна документација. По комплетирањето и анализата на документацијата ќе биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука“.

поврзани објави

Последни објави