13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Германски инвеститори заинтересирани за инвестиции во Пелагонија

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска беше домаќин на средбата на градоначалниците од Пелагонискиот Плански Регион (Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар и Ресен) со потенцијален германски инвеститор.

Германскиот инвеститор „Аетна“ покажа интерес за вложување во земјоделството, поточно за откуп на земјоделски производи и нивна преработка. Обврска на општините од овој плански регион е да презентираат детаљно слика за количествата квалитетно овошје и зеленчук што може да биде произведено на овој простор. А според најавите, во бизнис-планот на инвеститорот е во Прилеп да отвори преработувачки капацитет, да врши откуп на овие земјоделски производи, кои потоа би биле пласирани на рускиот пазар, информираат од Општина Прилеп.

поврзани објави

Последни објави