14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Македонци преживеаја голгота во Париз: Наместо во хотел, спиеле на студен под во спортска сала

Голготата започнала кога поради снежното невреме авионот на компанијата ВИЗ ЕР полетал без патниците.

Премрзнати македонски патници, околу 50-тина, останале на аеродромот во Париз откако авионот на Визер заминал без нив затоа што доцнеле половина час поради невремето, јавува Канал 5

На минусни температури, во вреќи, на под, во спортска салa, македонски граѓани заглавени во Париз.

Голготата започнала кога поради снежното невреме авионот на компанијата ВИЗ ЕР полетал без патниците.

Автобусот со кој се враќале на аеродромот патувал многу бавно поради лошото време кое ја зафати Франција денеска.

Патниците раскажуваат дека авионот не бил полетан кога пристигнале на аеродромот но од Визер немале разбирање па авионот полетал за Скопје пракитчно празен, а следен лет им бил понуден дури во сабота.

Видеото на Канал 5 погледнете го во продолжение.

поврзани објави

Последни објави