-Мицкоски го информираше Волак за актуелните политички случување во Република Македонија и тоа посебно за непостоењето на конкретни чекори насочени кон реформи во општеството, севкупната правна несиурност како и слабите економски индикатори кои се бележат во последниот период. Соговорниците се согласија дека односите помеѓу Националниот демократски институт и ВМРО-ДПМНЕ функционираат одлично, но и дека е потребно надградување на истите преку различни програми и проекти кои се поддржани од НДИ како преку институциите на власта, така и директно со ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ