Во Хрватска наскоро ќе биде отворен првиот европски центар за лекување со медицински канабис. Центарот ќе биде лоциран во реонот на бањата Свети Мартин, северна Хрватска.
Терапијата со канабис првенствено ќе биде наменета за хронично болни лица и ќе трае три недели, додека од април центарот ќе биде достапен и за други лица.
– Тука нема ништо незаконско, маслото од канабис ќе се користи само за медицински цели, соопштија од центарот.