14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

„Газпром“: Европа ќе се соочи со проблем поради недостиг на гас

Во блиска иднина Европа ќе се соочи со проблем поради недостиг на гас и зголемување на цените на природното гориво доколку, наместо да ја зголеми доставата од „Газпром“, се обиде да ја покрие зголемената побарувачка со увоз на течен природен гас од САД. Ова го предупреди заменик-извршниот директор на рускиот концерн, Александар Медведев, во интервју за „Дојче веле“ .

„Европа целосно неправилно пресмета дека нема да ѝ бидат потребни дополнителни количества гас, а ако има потреба, таа ќе го компензира недостигот со снабдување надвор од Русија“, изјави Медведев.

Според неговите зборови, побарувачката на гас во Европа се зголемува, а што се однесува до снабдувањето со гас од Соединетите Американски Држави, според Медведев, тие ќе останат ограничени, скапи и претежно пазарно ориентирани во Азија.

Заменик-генералниот извршен директор на „Газпром“ истакна дека уделот на рускиот гас во Европа во моментот е во пораст и може да достигне 40 проценти.

„Многу сериозни аналитичари развија модел кој покажува дека Европа набргу ќе се соочи со огромен недостиг на гас, а уште полошо – со нагло зголемување на цената на ова гориво“, предупреди Медведев.

поврзани објави

Последни објави