fbpx
20.8 C
Skopje

Почина српскиот актер Небојша Глоговац

АКТУЕЛНО

Синоќа починал српскиот актер Небојша Глоговац (48), соопштуваат српските медиуми.

Тој починал во Клиничкиот центар Србија, каде што бил на болницата за пулмологија поради влошена здравствена состојба.

Глоговац пред 10 дена итно беше примен во Институтот за онкологија, кога и медиумите објавија дека тој е тешко болен.

Небојша Глоговац беше роден на 30 август 1969 година. Студирал психологија на Филозофскиот факултет во Белград, а по две години се префрлил да студира глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Тој ќе остане запаметен по бројни улоги на ТВ и во театар.

https://www.youtube.com/watch?v=buOV-uguCOQ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -