Во врска со информацијата за извршени ракетни напади денеска на територијата на Сирија од страна на израелската авијација, Министерството за надворешни работи на Русија ги повика сите инволвирани страни во конфликтот да бидат воздржани и да не дозволат зголемување на тензиите во регионот.
– Повикуваме веднаш сите инволвирани страни да покажат воздржаност и да избегнуваат секакви дејствија, кои можат да предизвикаат уште посложена ситуација. Сметаме дека е неопходно безусловно да се почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија и другите земји од регионот, се додава во соопштението.