12.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Кој, ако не, Балотели? Доби жолт картон и тоа во ситуација кога… не е виновен?!

Легендарниот италијански репрезентативец Марио Балотели повторно се најде во центарот на вниманието кај медиумите и на социјалните мрежи поради невообичаена ситуација. Имено, при негов удар, во кој промаши, Балотели наиде на гласни навреди од страна на навивачите кои почнале со расистички навреди кон него. По ваквото нивно однесување, фудбалерот со гестикулација ги предупредил да замолчат, а ваквите навреди ги пренел и на судијата од кого барал да преземе мерки со цел натпреварот да се одвива онака како што треба.

За негова жал, а за среќа на навивачите, Балотели не само што беше сослушан од судијата поради неговите поплаки, туку истиот заработи жолт картон и покрај тоа што не беше виновен.

Претседателот на Ница исто така се пожали по натпреварот истакнувајќи дека неговиот тим играл против 12 играчи, а Ница на Твитер помалку иронично го коментираше жолтиот картон на Балотели:

„Балотели заработи жолт картон… по расистичките навреди од трибините“.

поврзани објави

Последни објави