fbpx
5.8 C
Skopje

СДСМ: Груевски е фатен во скандалозното прислушување и одговорност мора да има

АКТУЕЛНО

СДСМ денес со соопштение за „нелегалното прислушување“.

Криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да се помири со фактот дека правдата доаѓа по своето и одговорност за сите злодела врз граѓаните и државата ќе има.

Никола Груевски од позиција на поранешен премиер е фатен во безобразно измислување жолти комбиња, тактички опреми, клонирани станици, странски служби, само за да се обиде да се спаси себе си и неговиот братучед Сашо Мијалков за скандалот со нелегалното прислушување.

Затоа на Груевски и соработниците им засмета СЈО, формирано со потпис од Груевски на Договорот од Пржино и со гласови на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот.

Над 612.000 граѓаните избраа промени, правда, поддршка за СЈО, живот и се изјаснија против режим, криминал и политичари како Никола Груевски кои ставија над 500.000 граѓани под прагот на сиромаштија и ја водат Македонија во меѓународна изолација.

Мнозинската волја на граѓаните на Македонија мора да биде преточена во институциите“, соопштуваат од СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -