Пар од Колорадо продале се што имаат и купиле брод за да тргнат на пат околу светот. По само два дена морало да ги спасуваат.
Танер Бродвел (26) и Ники Велњ (24) имале премногу обврски и одлучиле да одморат од сето тоа така што ќе тргнат на авантура. Со едрилицата близу Флорида се удриле во непознат објект и морало да ги спасуваат.
„Продадов се за ова да го направам“, вели Бродвел и додава дека изгубил се за само дваесетина минути.
Едрилицата ја платиле 5000 долари и уште толку вложиле во нејзино опремување. Во нив имале само 90 долари, а единствно што успеале да спасат е нивното куче.
И покрај тоа што сега не заат што ќе прават и каде ќе одат Бродвел вели дека оваа не е нивна последна авантура, а Ники додава дека не може само така да се откажат од соништата.
Извор: Таратур.мк