fbpx
20.8 C
Skopje

СЕ ГОРДЕЕ СО СВОЈОТ ПРЕКАР, ГО ИМИТРА ХЈУ ХЕФНЕР И СПИЕ СО ЧЕТИРИ ЖЕНИ….

АКТУЕЛНО

Познатиот милијардер, тајкунот Траверс Бејнон, пред неколку дена ја налути јавноста со фотграфии и снимки на кои неговите пријателки на својот задник го тетовираат логото на неговата компанија FreeChoice. Многумина го обвиниле дека ги третира жените како своја сопственост, но тајкунот кој се гордее со прекарот Кендимен не застана овде.

Првите 40 девојки кои на својот задник го истетовирале името на неговата компанија добиле платени авионски карти за влез на една од неговите диви журки во вила во Австралија, која е негова верзија на славните Playboy вили и журки кои ги организирал покојниот Хју Хефнер.

Кендимен исто така се погрижил за тоа снимките од забавата вредна половина милион долари, да се објават на социјалните мрежи.

ФОТО

Сите голи девојки кои дошле на журката ги одбрал самиот Кендимен, а меѓу атракциите се споменуваат огномет, женски ди-џеи во топлес и пристигнување на домаќинот во глисер.

Кендимен од порано призна дека секоја вечер спие со најмалку четири жени, а на неговата сопруга тоа не и пречи воопшто.

ФОТО

Австралискиот тајкун кој своето богатство го стекнал во тутунската индустрија, живее во раскошен дом со својата сопруга Теша Бејнон, со која се оженил во 2011 година, девојката Ниша и своите четири деца.

Го нарекуваат уште и „Австралискиот Дан Билзеријан“, а и сам придонесува за таков прекар, со изјави како оние дека во неговиот кревет често се наоѓаат многу жени.

„Кога имате една девојка, тоа е една работа. Но, кога имате повеќе, толку многу работи ми се вртат во глава. Секоја вечер во просек имам по четири девојки. Често не можам да се наспијам. Мислам дека секоја недела измислувам нова положба. Времето во спалната соба не е време посветено на мене, туку на девојките. Да се биде добар во кревет, значи да не мислите само на себе“, вели Бејнон.

Другите жени се секогаш тука. Некогаш живеат со нас неколку недели и си одат. Погледнете на социјалните мрежи, ќе видите колку девојки се палат на него. Мене тоа не ми пречи, јас сум негова сопруга. Тој има многу девојки, но само една сопруга“, вели Теша.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -