-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Стоп Операција Сорос“: Фондацијата на Сорос нема врска со граѓански сектор

Новоформираното граѓанско движење „Стоп Операција Сорос“ вели дека Фондацијата на Џорџ Сорос во Република Македонија не е граѓанска организација.

Движењето „Стоп Операција Сорос“ бара од Фондацијата Институт отворено општество Македонија да им објасни на граѓаните што точно подразбира нивната идеја за отворено општество и кои се промените што сакаат да ги реализираат во Македонија.

Цветин Чилиманов, еден од основачите на движењето напомена дека Џорџ Сорос неодамна најави оти ќе издвои 500 милиони долари од неговото богатство за да промовира отворање на границите што, како што рече Чилиманов, ќе има директни последици по Република Македонија.

„Јавноста има право да знае дека од овие милиони кои што се издвојуваат за Р. Македонија се делат некои од највисоките плати. Меѓу нив е директорката на фондацијата Сорос во Македонија Фани Каранфиловска- Пановска која зема месечна плата од 3400 евра , односно 40.000 евра годишно што е 10 пати повеќе од просечната плата во Р. Македонија . Директорката на фондацијата Сорос која што во Македонија помагаше и финансираше насилни протести за уривање на уставниот поредок и дестабилизација на државата има двојно поголема плата од претседателот и премиерот на државата“, рече Цветин Чилиманов.

Чилиманов посочи дека тоа не е единствената рекордна плата која се дели од фондацијата Сорос . Од Џорџ Сорос влече плата и Споменка Лазаревска, сопруга на Ѓорѓи Лазаревски, еден од првоосомничените во Пуч.

Од „Стоп Операција Сорос“ велат дека се отвораат низа на прашања за кои треба јавноста да добие одговор.

Инаку, движењето „Стоп Операција Сорос“ е новоформирано а неговата цел, како што велат од таму, е да даде свој придонес во процесот на десоросоизацијата во Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави