Она што ќе можете да го направите на Алијанс Арената во Минхен не можете ниту на еден друг стадион.
Замислете да лежите во соба во хотел од пет ѕвезди и да ги гледате најдобрите играчи? Сето ова ви е овозможено на стадионот на Баерн Минхен.
Некои гледаат директно од трибина и не баш во фантастични услови, други на малите ТВ екрани од сопствениот дом, но оние со дебел џеб можат да си дозволат и ваков луксуз.
Хотел Мериот е спонзор на Баерн до 2020. година, па и ова е еден вид на соработка на германскиот гигант и угледна угостителска компанија.
Епа, драги навивачи и фудбалски љубители доколку имате повеќе пари, резервирајте си следење на натпревар во една ваква опуштена лежарна атмосфера!