-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Адеми се сретна со владини претставници на Малта: Интензивирање на билатералните односи меѓу двете земји

Денеска министерот Едмонд Адеми оствари средба со министерот за образование и вработување на Република Малта, Еварист Бартоло, на којашто беа отворени повеќе прашање за развивање на билатералната соработка во сферата на образованието и рамковно регулирање на правата на македонските граѓани кои привремено претстојуваат и работаат во Р. Малта.

За време на разговорите со малтешкиот соговорник, се покренаа повеќе прашања од заемен интерес, и тоа: иницирање на соработка со министерството за образование во насока на размена на професори меѓу универзитетите од двете земји, размена на студенти, како и можности за признавање на дипломите и нивна нострификација. Во таа насока, двајца министри се согласија наскоро да се разгледат и забрзаат иницијативите помеѓу министерствата за образование на Р. Македонија и Р. Малта.

Министерот Адеми, како министер за дијаспора, го информира министерот Бартоло и за големото присутво на македонската дијаспора во Малта. Исто така, на соговорникот му ги пренесе и впечатоците претходно пренесени од средбите со здруженијата на гараѓани по потекло од Македонија, кои се соочуваат со проблеми при издавање на лична документација и регулирање на нивниот престој во Малта. Фокусот беше ставен на скратување на времетраењето на издавање на документи, и нивно продолжување на валидностна на истите за престој на повеќе години. Пред се, тоа се однесува на личната документација и престојот.

Исто така, министерот Адеми, оствари средба и со министерот за правда, култура и локална самоуправа, Овен Боничи. На разговорите беа опфатени прашања во однос на соработката на двете држави во областа на правдата, култура и локалната самоуправа. Меѓу другото, стана збор за меѓусебно пренесување на европското искуство, во наведените области.

Воедно, од двајцата соговорници се испрати силна порака за поддршка на Р. Македонија во процесот на интегрирање, добивање на датум за преговори и членството на нашата земја во ЕУ, при што изразија отворена и по интнезивна поддршка за овие процеси.

поврзани објави

Последни објави