Во Арсенал сигурно се каат.
Хери Кејн во претходните неколку години покажа дека израснал во еден од најдобрите напаѓачи во Европа и сега е само прашање на време кога ќе го напушти Тотенхем и ќе замине во еден од светските клубови.
Сонот на напаѓачот на Тотенхем додека бил дете е да заигра во Арсенал и бил на чекор тој негов сон да му се оствари. Кејн тренираше со лондонскиот клуб, но тогаш од Арсенал како гром од ведро небо решиле дека тој не е доволно талентиран за да биде дел од овој клуб.
После неколку години во Арсенал и те како залажија што Кејн не е нивен играч, туку член на лутиот ривал Тотенхем. Некогашниот играч на топчиите и човек кој бил дел од луѓето кои го одбиле Кејн, Лиам Бреди, објаснува зошто тогаш донеле таква одлука.
“Беше буцкаст, не беше атлетски тип по што сметавме дека нема доволно голем талент за да биде играч на Арсенал и го одбивме. Очигледно дека погрешивме во нашата одлука. Тотенхем го испрати на позајмица во ниски клубови, но тој беше упорен и беше одлучен да успее по што успеа да изгради сјајна кариера. Тоа го заслужи. Ние имавме погрешно мислење за него на основ на неговиот изглед и ја направивме најголемата грешка“, рече Бреди.