Најскапиот фудбалер во историјата на Барселона Филипе Кутињо откри, дека основата на неговата мотивација е желбата да освои што повеќе трофеи.
Тој беше прашан од весникот Спорт дали невозможноста да ја добие Златната топка би значело заминување од Камп Ноу, по што тој одговори:
– Кога ми се појави можност да се преселам во Барселона, воопшто и не размислував. Бев сигурен дека сакам да дојдам, бидејќи тоа беше мојата примарна цел во животот. Сакам да бидам среќен овде и да освојувам трофеи, рече Кутињо.
Да играш со ваква класа на играчи е многу добро. Можеш многу да научиш и како фудбалер, но и како човек, додава тој.
За прашањето за Златната топка тој вели дека тоа е престижна награда која сака да ја освои секој играч, но дека неговата примарна цел е да освојува трофеи за клубот, наместо Златната топка, алудирајќи дека тоа веројатно е цел на некои други фудбалери кои го напуштиле клубот и покрај тоа што можеле да имаат голем напредок во истиот.