20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Федерацијата на планинарски спортови формира комисија за случајот со двајцата загинати планинари

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија формира специјална комисија која ќе ги анализира околностите под кои загинаа планинарите Калина Велевска и Александар Миновски.

Во соопштението објавено на нивната веб страницата се истакнува дека комисијата е составена од нивни членови и експерти кои по добивањето на сите релевантни податоци од надлежните институции во Македонија и Грција и официјалните податоци од организаторот на планинарската експедиција, ќе направат детална анализа.

– Од огромна важност за Федерацијата ќе биде да се направи темелна анализа за трагичниот настан. Болката и тагата за прерано згаснатите животи не може да се надомести со ништо, но вистината за трагичниот настан заслужува да ја знаат семејствата, планинарите и нашите членови. Во меѓувреме сакаме да се воздржиме од шпекулации и дезинформации за настанот, затоа што ваквите настани заслужуваат темелна и длабока анализа во соработка со сите надлежни институции, се вели во соопштението.

По добиените официјални информации и сознанија, ФПСМ ќе излезе со свој став за овој немил настан.

поврзани објави

Последни објави