7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Од партијата на власт, која има министер во Влада се жалат: Вака држава не бидува!

Министерот без ресор, Аксел Ахмедоски, два часа го чекал кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на средба во Општината, но тој не се појавил, реагираат од Партијата за целосна еманципација на Ромите.

„Потпреседателот на партијата и актуелен министер, Аксел Ахмедоски, имал закажано средба пред една недела со грaдоначалникот на Кумaново, Максим Димитриевски. Во закажаното време министерот Ахмедоски стигнал во Општината, но градоначалникот се појавил по еден час. Тој се извинил дека имал средба на која морал да оди и рекол дека веднаш се враќа. По два часа чекање, градоначалникот го немаше, по што министерот се врати од Куманово“, се жалат од ПЦЕР.

Оттаму додаваат дека слично искуство со кумановскиот градоначалник Димитриевски имал и претходниот министер од истата партија, Самка Ибраимоски.

„Дали би се однесувал вака кога би дошол некој министер од неговата партија или дека министерот Ахмедоски е од ромската заедница, па нека чека. Вака држава не бидува, со ваква дискриминација на министер, немаме коментар. Димитриевски е целосно неодговорна личност и не ја почитува функцијата министер. Министерот не дојде да ве види, Максим, туку да сработи тоа што му е дадена обврска од Владата за локалните акциски планови. Констатираме дека вие не сакате да им помогнете на Ромите во Куманово што ви ги дадоа гласовите за да станете градоначаник. Бараме министерот за локална самоуправа да преземе законски мерки за некоректниот однос на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски“, реагира ПЦЕР.

поврзани објави

Последни објави