Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов за време на денешната заедничка прес конференција со својот бугарски колега Румен Радев изјави дека веќе е отворена темата за идно потпишување на Договор за стратешко партнерство меѓу Македонија и Бугарија. Според Иванов ваквиот договор ќе ги надогради односите меѓу двете земји после стапувањето во сила на Договорот за добрососедство и пријателство. Иванов е дециден дека ваков договорот за стратешко партнерство ќе потврди определбата за блиски и пријателски односи меѓу нашите две земји (Македонија и Бугарија). Претседателот Иванов потсети дека Македонија веќе има потпишано договор за стратешко партнерство со САД и Република Турција.