18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Заврши во затвор откако украде пет милиони од сопругата за да го купи Портсмут

Сулејман Ал Фахим ќе помине пет години во затвор, бидејќи од својата сопруга пред девет години украл пет милиони фунти за да го купи англискиот фудбалски клуб Портсмут.

Тој во 2009 година бил сопственик на Портсмут само шест недели.

Ал Фахим со соучесникот набргу го продале клубот на друг човек, а измамата ја открила неговата сопруга кога отишла во банка и забележала дека на нејзината сметка нема пари.

Веднаш го пријавила случајот во полиција, а на крај излегло дека во целата ситуација бил вмешан и еден банкарски службеник, кој исто така е осуден на пет години затвор.

Од времето кога Ал Фахим бил сопственик, клубот три пати испаѓал во низок ранг на натпреварување, се мачел да им даде плата на играчите и останатите вработени, а променил и седум сопственици.

Ал Фахим при купувањето на клубот изјавил дека се надева на нов стадион до 2015 или 2016 година и дека ќе биде стандарден меѓу осумте најдобри екипи.

Тој затворската казна ќе ја одработи во Обединетите Арапски Емирати.

Извор: Kajgana.com

поврзани објави

Последни објави