2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ДУИ загуби гласови поради Сорос, Груевски најави крај на СЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за косовскиот „Газета Експрес“ открива дел од своите идни планови, а особено се осврна на коалицијата со ДУИ за составување на нова влада.

Груевски верува дека ДУИ загубил многу гласови на последните избори поради медиумската пропаганда од Сорос, која делувала лошо кон ДУИ, поради што партијата морала да се фокусира повеќе на национални, отколку на граѓанските прашања.

Нападите кои Груевски ги добива од ДУИ, но и од другите политички партии верува дека се обид само да издвојуваат поени за себе, затоа што немаат друг начин за тоа.

Во државата речиси и сигурно нема да има двојазичност, затоа што за тоа е потребно промена на Устав, што е сосема реално дека не може да се промени.

Поранешниот премиер на државата за косовски „Експрес“ истакна и дека мандатот на СЈО наскоро ќе заврши, затоа што треба да добие поддршка од сите четири партии, а тоа нема да се случи во иднина, барем не од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави