Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Москва и Белград би можеле да предизвикаат вооружен судир на Балканот, со цел да го поделат Косово.
„Подготовките се веќе во тек“, рече Тачи во интервју за германскиот весник “Билд“.
Тачи исто така ја обвини Србија дека со „илегалниот“ воз се обидела да ја дестабилизира политичката ситуација и безбедноста во Косово.
„Овие и други провокации се дел од старите српски сценарија за одделување на дел од Косово, каде живеат претежно Срби. Тоа значи еден вид Кримско сценарио. Но тоа никогаш нема да се случи“, рече тој