6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

„Бернејс пропаганда“ побараа прошка од Алаѓозовски и Владата

Бендот „Бернејс пропаганда“ утрово преку Фејсбук побара прошка од Владата на Република Македонија, од Министерството за култура и министерот Роберт Алаѓозовски, од Филхармонијата и од Министерството за внатрешни работи. Православните христијани денес го празнуваат големиот христијански празник Прочка или Велики поклади, си простуваат меѓусебе за грешките и се прочистуваат од гревовите.

„Простете ни ако сме ви згрешиле со тоа што ја бараме правдината околу неправдата што вие, нашите чувари и државни службеници ни ја направивте. Ние немаме авиони, тенкови…ние само си свиркаме во ветрот“, напиша Васко Атанасоски од „Бернејс пропаганда“ на Фејсбук.

„Бернејс пропаганда“ доби 276.000 денари од Министерството за култура за концерт со Македонската филхармонија планиран за 27 април годинава, пари за кои тие не аплицирале. Од бендот минатата недела се пожалија дека кога се обиделе да им објаснат на одговорните од Министерството за култура дека не се јавиле на огласот, обезбедувањето ги избркало.

Васко Атанасоски, гитарист од групата, преку медиумите најави тужба оти никој од нив не побарал писмена согласност за аплицирање за добивање средства за концерт од Министерството за култура.

поврзани објави

Последни објави