18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Ангел-чуварот на Барса ги оживеа старите рани на навивачите на Челси: Ништо страшно, едноставно не беше мој ден

Том Хенинг Овербо е судијата кој по лошо го паметат навивачите на Челси, бидејќи во 2009. година ги оштети во натпреварот против Барселона.

Барселона во таа година во две средби ги исфрли Челси, но на реваншот имаше некои контроверзни ситуации. Норвежанинот токму на тој натпревар пропушти да досуди барем два пенали за лондонскиот клуб во реваншот на Стемфорд Бриџ. Барселона се пласираше во финалето благодарение на голот во гости, бидејќи на 1-1 израмни Андрес Иниеста.

Навивачите на Сините му се закануваа а тој еднаш тоа го призна и во разговор за Марка:

– Тоа навистина не беше мој ден, но такви грешки се случуваат на судиите. Понекогаш се случува и на играчот и на тренерот да греши, така и на судијата. Меѓутоа, во никој случај не можам да бидам горд на таа ситуација и на тој настан од тогаш, вели Овербо, додавајќи:

Имаше неколку грешки и сите зборуваат за некои спорни ситуации. Повторувам, тоа им се случува и на играчите, тренерите, па никому ништо. Горд сум што имав добра кариера како судија и што бев меѓу елитата.

Тој вели дека по тогашниот натпревар не зборувал со фудбалерите, само достоинствено го напуштил теренот и заминал во соблекувалната.

Секако. Се сеќавам дека се пробивавме кон хотелот и многу од фановите на клубот ме мразеа и мене и моите колеги. Моравме да се чуваме наредните неколку денови, раскажува тој, но вели дека сега се е во ред.

И после ваквото интервју веројатно многумина од нив ќе се сетат на мене, но јас навистина немам никаков проблем со тоа. Луѓето можат да ме мразат или сакаат. Ги прифатив моите грешки и сега сум мирен и среќен со животот во Осло, завршува тој.

поврзани објави

Последни објави