6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Честитка од Мицкоски до г.г. Стефан по повод празникот Велики поклади – Прочка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод денешниот празник Прочка испрати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

-Ова е денот кога секој од нас ја чувствува милоста Божја, кога бараме да ни се простат гревовите и им простуваме на сите оние кои што ни грешат. Покајанието и простувањето се патот кон спасението, но и духовното обединување на овој народ кој со векови ја негува оваа традиција. Токму признавањето на своите слабости и барањето прочка за нив човека го прават посилен за да се спротивстави на сите предизвици и премрежија. Нека спокојот и мирот владеат во секој наш дом, а трпението и богоугодните мисли ни дадат божја мудрост како да ги пребродиме мрачните времиња кои му се закануваат на секој од нас и на нашата Татковина Македонија. Да си подадеме рака, брат на брат, сосед, пријател и ближен и да се сплотиме да си ги простиме грешките и од нив да изнесеме поука зошто само така ќе покажеме дека светоста на љубовта кон својата Татковина Македонија секогаш може да го победи мракот, се вели во честитката на Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави