Манчестер Јунајтед успеа да го победи Хадерсфилд на вчерашното гостување во натпревар од рамките на ФА купот, а истиот беше нова шанса за докажување на младиот и суперталентирана Скот МекТоминеј кој полека го добива потребно внимание од јавноста, но и од Жозе Мурињо.
Пред извесно време бевме сведоци како Сер Алекс Фергусон му предложува на Мурињо да обрне посебно внимание на прогресот на младиот играч за врска, а по вчерашниот меч против Хадерсфилд, МекТоминеј доби и пофалби од страна на Мурињо кој при своето обраќање, го истрола и Пол Погба за животниот стил кој го негува.
– Искрено, мислам дека Скот заслужува многу повеќе од тоа што го добива. Мислам дека тоа е така поради начинот на кој се однесува ова младо дете. Тој е нормално момче, со нормална фризура, без тетоважи, без луксузни автомобили, без големи часовници. Тој е скромно момче кој е во клубот од својата деветта или десетта година, Скот заслужува многу повеќе од тоа што го добива, од мене, но и од јавноста, – смета Мурињо.