fbpx
19.8 C
Skopje

Нетанјаху: Израел е подготвен да дејствува против Иран

АКТУЕЛНО

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иранскиот режим е најголема светска закана и дека доколку е потребно Израел ќе дејствува не само против неговите сојузници на Блискиот Исток, туку и против самиот Иран.

– Израел нема да дозволи иранскиот режим да ни стави јамка на теророт околу вратот, порача Нетанјаху во обраќањето на Минхенската безбедносна коференција, држејќи во раката парче од, како што рече, урнат ирански дрон што на почетокот на месецов навлегол во израелскиот воздушен простор.

Тој ги повика американските и европските претставници и дипломати да му се спротивстават на Иран. Нетанјаху истакна дека додека меѓународната коалиција предводена од САД се бори против Исламска држава, Иран ја зајакнува својата моќ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -