20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА: УЕФА го одреди судијата за Челси-Барселона, фановите на Челси гневни!

УЕФА денеска ги одреди судиите за следните натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието е изборот на судиската комисија за дуелот меѓу Челси и Барселона.

Натпреварот ќе го води познатиот турски судија Џунејт Чакир, кој им судеше на овие два тима во сезоната 2011/12 кога Барселона го пречека Челси во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Каталонците уште во првиот дел поведоа со 2:0, а Чакир му додели црвен картон на Џон Тери поради намерно удирање на Алексис Санчез. И покрај тоа, Челси до крајот стигна до 2:2, потоа со победата на реваншот избори финале и ја освои првата Лига на шампиони во својата клупска историја.

поврзани објави

Последни објави