fbpx
24.2 C
Skopje

ФРОДЕМ: Да се отпочнат преговори за можна идна Конфедерација меѓу Македонија и Турција

АКТУЕЛНО

„Бидејќи ниту раководството на ДПМНЕ, ниту оваа акутелна власт немаат сенс, но и не сакаат да го решат проблемот со името преку Генералното собрание на ОН и на тој начин да го задржиме нашето име и национално достоинство, ФРОДЕМ предлага во најкратко време да се постигне национален конзензус и да се отпочнат преговори за можна идна Конфедерација помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Ова го предлагаме поради фактот што нашиот јужен сосед долги години си поигрува со нашето трпение, достоинство и толеранција и спротивно на сите цивилизациски норми настојува по секоја цена да го промениме нашето име, идентитет, јазик и устав. Сакаме по којзнае кој пат да ги потсетиме нашите јужни соседи како и целокупната светска јавност дека изборот на државното уставно име на секоја држава е под строга внатрешна јуридикција. Секоја држава, според меѓународното право, има полна правна слобода при изборот на сопственото име, бидејќи името на државата е неотуѓиво и суверено право. Оттаму сите понатамошни преговори и договори кои одат во насока на промена на нашето име, идентитет, јазик и устав, не ставаат во подредена ситуација и дополнително не деградираат како луѓе и како нација.

Дополнителен мотив за овој наш предлог е изјавата на шефот на грчката дипломатија дека во Виена по речиси 12-часовни континуирани преговори, според неговата перцепција, сѐ уште не постои договор за ниту една точка. Исто така сметаме дека и најавата за достава на Нацрт спогодба за името од грчка страна, нема да придонесе за изнаоѓање на компромисно и достоинствено решение за граѓаните на нашата држава.

Бидејќи Република Турција е осведочен пријател на Република Македонија која максимално коректно го почитува нашиот територијален интегритет и суверенитет, идентитет, нашето име, знаме, устав и јазик и која во овој илузорен и наметнат спор од страна на нашиот немилосреден јужен сосед е на страната на правдата и вистината, предлагаме релевантните македонски политички субјекти во најкраток можен рок да постигнат конзензус со кој би отпочнале преговори за идна Конфедерација на Република Македонија со Република Турција. Конечната одлука за идна Конфедерација би ја донеле граѓаните на Република Македонија и Република Турција на референдум по што би следело склучување на билатерален меѓудржавен договор.

За помалку упатените, сакаме да појасниме дека Конфедерацијата во правото и политиката се толкува како сојуз на суверени држави кој е заснован на меѓудржавен договор кој е насочен кон реализација на однапред договорени заеднички цели и интереси. Договорот за идна Конфедерација би се однесувал на клучните прашања за опстанокот на нашата држава и тоа: на заедничката надворешна и безбедносна политика, на гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет и неделивоста на државата, на подигнување и подобрување на економската состојба во нашата држава како и на други прашања кои ќе ја гарантирааат посебноста на македонската нација како и посебноста на сите останатите етнички заедници во Република Македонија“, се вели во соопштеието на ФРОДЕМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -